Поврзете се со нас

Свет

Португалскиот селектор Сантош: Ждрепката ни донесе и една позитивна работа

Објавено

на

Португалскиот селектор Фернандо Сантош е свесен дека неговата репрезентација има неочекуван тежок пат до Светското првенство во Катар, но ја истакна предноста која Португалија ќе ја има во својата плејоф група.

Кристијано Роналдо и неговите колеги од националниот тим ќе бидат домаќини на двете средби, што според Сантош е позитивно за неговиот тим.

– Во моментов мораме да размислуваме само за Турција. За нас тоа е прв и најважен натпревар, кога ќе победиме, можеме да се концентрираме на финалето.

– Ждрепката е лотарија и не можете да ја предвидите, а на крајот мора да се прифати. Има и позитивна работа, а тоа е што двете средби ќе ги играме на домашен терен. Тоа ќе биде наша предност затоа што ќе имаме поддршка од фановите, а ќе ги избегнеме и патувањата, – изјавил Сантош.

Португалија во полуфиналето ќе игра со Турција, а во евентуалното финале ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Македонија и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни