Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалскиот селектор: Роналдо носи уникатен квалитет во нашата соблекувална

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо ќе биде дел од португалската репрезентација на претстојното Европско првенство, а селекторот Роберто Мартинез уште еднаш ја истакнал важноста на присуството на ЦР7 во националниот тим.

Роналдо вчера им се приклучил на соиграчите по краткиот одмор кој го доби по завршувањето на сезоната во Саудиска Арабија, а Мартинез зборувал за квалитетот и влијанието кое го има 39-годишниот фудбалер во португалската соблекувална.

– Не постои друг фудбалер во светот кој може да го донесе во соблекувалната она што го носи Роналдо.

– За него ова ќе биде шесто ЕП, а е единствениот кој настапил на пет досега. Зборуваме за неверојатно и уникатно постигнување во светскиот фудбал, а искуството е многу важно. Секако, тука се и неговите соиграчи и одлуките кои треба да ги донесеме, но Роналдо е подготвен да помогне.

– Мислам дека Кристијано имаше одлична сезона и останува фактот дека тој е неверојатен голгетер, – рекол Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни