Поврзете се со нас

Лига на нации

Португалскиот селектор ослободил четири ѕвезди пред гостувањето во Хрватска

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Хрватската фудбалска репрезентација мора да оди на позитивен резултат против Португалија за да го потврди пласманот во четвртфиналето на Лигата на нации и да не зависи од другите селекции, а гостите потврдија дека ќе пристигнат во Сплит без неколку ѕвезди.

По вчерашната убедлива победа над Полска и обезбеденото прво место во групата, португалскиот селектор Роберто Мартинез ослободил четворица важни играчи предводени од Кристијано Роналдо.

Роналдо, но и Бернардо Силва, Педро Нето и Бруно Фернандеш добиле зелено светло да го напуштат националниот тим, односно да добијат некој ден одмор пред да им се вратат на клупските обврски.

Фабио Силва и Џеовани Куенда се дополнително повикани од Мартинез и тие ќе бидат во комбинација за гостувањето во понеделник, исто како и Тиаго Џало, за кого немаше место во официјалниот состав од 23 играчи за дуелот со Полска.

Standings provided by Sofascore

;

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни