Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалскиот херој Диого Коста постави уникатен рекорд на европските првенства

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/selecaoportugal

Диого Коста имаше беспрекорен настап во осминафиналниот дуел меѓу Португалија и Словенија, па не само што не дозволи погодок на противникот во 120 минути, одбрани и три од три во решавачкиот пенал рулет.

Голманот на португалската селекција ги спаси своите соиграчи од голем шок во 115. минута кога го одбрани зицерот на Шешко, а неколку минути подоцна покажа зошто важи за еден од најдобрите голмани за бранење пенали во Европа.

Коста ги одбрани ударите на Иличиќ, Балковец и Вербиќ, а реализациите на неговите колеги Роналдо, Фернандеш и Силва значеа триумф со 3:0 во пенал серијата.

Португалскиот голман стана прв чувар на мрежата во историјата на европските првенства кој играл 120 минути и бранел во пенал серијата и не примил ниту еден гол (во регуларното време, продолжението или во пенал рулетот).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни