Поврзете се со нас

АТП

Бразилски тинејџер без загубен сет до победа над деветтиот носител во Мелбурн

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Аустралијан Опен остана без деветтиот носител во машка конкуренција и тоа поради одличниот настап на бразилскиот тинејџер, Жоао Фонсека.

Фонсека го победи Андреј Рубљов без загубен сет, односно со резултат 7:6/6:3/7:6 и ја постигна првата голема победа на својот дебитантски настап на грен-слем турнир.

Португалецот дојде во Мелбурн како 112-ти тенисер во светот, но јасно е дека допрва го очекува голем напредок на ранкингот, посебно ако продолжи и во некоја од наредните рунди на Аустралијан Опен.

Негов следен противник ќе биде Италијанецот Лоренцо Сонего, кој денеска славеше над ветеранот Стан Вавринка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни