Португалска нинџа во Бентли: Маскираниот Роналдо си поигра со новинарите (Видео)

ronaldo-smrka

Шпанските новинари и папараци се обидуваат да го следат секој чекор на големите фудбалски ѕвезди, а тоа понекогаш знае и да ги изнервира најпознатите фудбалери во Примера кои речиси и да немаат приватност од постојаниот притисок и надзор кој го имаат.

Папараците пронајдоа начин да го уловат Кристијано Роналдо и во еден познат ресторан во Мадрид каде бил на вечера со своите пријатели, а ваквиот нивни однос го натерало Португалецот да си поигра со истите и да се преправи во нинџа додека го напушташе локалот.

Новинарите останаа зачудени од ваквата постапка на ѕвездата на Реал, а запрашан зошто го прави ова, Роналдо им порача за да „си поигра со нив“.

Facebook Коментари