Поврзете се со нас

Македонија

Португалецот Рибеиро најново засилување за Металург

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Металург продолжува да го гради составот за новата сезона, па најново засилување е Улисис Рибеиро.

Рибеиро е португалски интернационалец кој во Скопје доаѓа од Хари Ап од холандското првенство. Тој игра на позицијата лево крило што значи дека е дирекна замена за Милан Поповиќ кој замина во Романија.

Инаку Улисис има 30 години и во досегашната кариера има настапувано уште за Сао Бернардо и Мадеира.

Тој потпиша двегодишен договор со клубот од Автокоманда и со тоа официјално стана шесто засилување по браќата Њокас, Костадин Петров, Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни