Светски првенства
Португалците во бунило: Стартерот во одбраната ги искршил ребрата, но никој не знае како!
Португалија со доста мака забележа победа над Гана во воведната рунда на Светското првенство, но пред вториот предизвик на мундијалот во Катар, денеска официјално стана познато дека селектот нема да може да смета на еден стартер.
Дефанзивниот фудбалер Данило Переира заработил скршеница на три ребра за време на вчерашниот тренинг и оваа вест рано утрово ја пренесоа португалските медиуми, но повредата стана уште почудна откако со изјава излезе искусниот Фернандо Сантош.
Селекторот тврди дека никој во селекцијата не знае како се повредил Переира, но сега ќе се вложат максимални напори за да му се овозможи шанса повторно да настапи на мундијалот.
Според првичните проценки, тој ќе ги пропушти натпреварите во групната фаза, но би можел да се врати доколку Роналдо и пријателите се пласираат во нокаут фазата.
– Ова е тип на повреда која никој не може да ја објасни. Не може да разбереме како се случи ова. Нормално е да се случат вакви повреди, но не видовме како се случи на тренингот. Никој не мислеше дека има нешто сериозно.
– На крајот, тестовите покажаа дека е нешто посериозно и мора да го следиме. Не сум доктор, но од тоа што ми го велат, ситуацијата се развива позитивно. Очекуваме да се врати на турнирот, но ако на крајот не може, имаме други тројца играчи за таа позиција, – изјави Сантош за Переира кој по природа е дефанзивен играч за врска, но во Португалија игра и како стопер.
-
Италијапред 22 часа
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ за следната етапа во кариерата: Не знам дали ми е потребен тренер
-
Италијапред 22 часа
Влаховиќ му се поклони на најпотценетиот напаѓач: Тој е фудбалски гигант
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг: Коментарите за нашата победа над Ковентри се срамни!
-
НБАпред 18 часа
Еден од браќата на Јокиќ удри фан на трибините во арената на Денвер (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Антони го објасни својот контроверзен потег на дуелот со Ковентри: Го бранев својот клуб
-
Англијапред 15 часа
Двајца премиерлигашки фудбалери уапсени за силување
-
Англијапред 15 часа
Аморим бил во Лондон, преговарал за преземање премиерлигашка екипа