Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалците ја открија конверзацијата меѓу расплаканиот Пепе и лидерот Роналдо (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо и Пепе пишуваа историја на ова Европско првенство, но нивниот пат дојде до својот крај откако Португалија загуби на пенали од актуелниот светски вицешампион.

Роналдо стана првиот играч кој настапил на шест европски шампионати, Пепе стана највозрасниот играч кој заиграл на еден ваков турнир, па иако целта беше да се простат со трофеј, нивното патешествие заврши во четвртфиналето.

По поразот во пенал рулетот, Роналдо прилично добро се справи со емоциите и можеше да се види со иронична насмевка, додека доста потешко му беше на Пепе.

Легендарниот стопер заврши во прегратка на капитенот и не можеше да ги сокрие солзите, а португалските медиуми ги открија и зборовите кои си ги размениле двајцата.

Пепе: Ти благодарам за се брате…..

Роналдо: Правам се за Португалија…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни