Поврзете се со нас

Англија

Портпаролот на Мане демантираше дека играчот си заминал од Ливерпул поради незадоволство за платата

Објавено

на

Портпаролот на Садио Мане, Бакари Сисе демантираше дека неговиот клиент си заминал од Ливепрул поради тоа што бил незадоволен од висината на платата која ја заработувал на „Енфилд“.

Дел од медиумите објавија дека Мане барал големо зголемување на платата за да остане во Ливерпул, но не наишол на согласност од управата на клубот.

Ваквите најави брзо ги демантираше Бакари Сисе кој истакна дека играч како Мане не би можел да ги заработува тие пари кои излегоа во јавноста.

– Тоа беа лажни приказни. Не сакам ни да зборувам за тоа. Јасно ви е дека играч од калиброт на Мане не може да заработува толкава сума каква што се зборуваше во јавноста. Тие бројки се целосно погрешни, -изјави Сисе кој потоа истакна дека Баерн Минхен е вистинскиот клуб за Мане.

– Мислам дека Садио го избра вистинскиот клуб во вистинско време. Тој освои се со Ливерпул и беше време да побара нов предизвик. Проектот на Баерн беше многу атрактивен, -заврши Сисе.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни