Поврзете се со нас

Свет

Порто направи голем пресврт против Спортинг, а тренерот го потенцираше ефектот на Митревски

Објавено

на

Никола Митревски и неговите соиграчи од славеа на ракометното португалско дерби со Спортинг (33:30), а македонскиот голман повторно блескал на голот на Порто.

Спортинг водел на полувреме со 14:17, во вториот дел имал и 16:21 и 24:28, но Порто успеал да се врати со помош на клучните одбрани на Митревски и реализацијата на неговите клупски колеги во нападот.

За Порто беше 26. победа на исто толку натпревари во португалското првенство и зацврстување на предноста во финишот на првенството, во кое веројатно наскоро ќе го потврди освојувањето на титулата.

Ареја со 11 и Салина со 7 голови биле најефикасни ракометари во победата со резултат 33:30, додека Митревски имал 10 одбрани, од кои најголемиот дел во решавачките моменти.

– Ова е многу важна победа за нас, иако не очекував да играме толку лошо во одбрана. Горд сум поради пресвртот кој го направивме во второто полувреме, а не смееме да ги заборавиме ниту клучните одбрани на Никола Митревски, – изјавил тренерот Магнус Андерсон.

Следен предизвик за Порто ќе биде Бенфика и тоа на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни