Поврзете се со нас

Европски купови

Порто и официјално го претстави Никола Митрески

Објавено

на

Од редовите на Порто денеска ја потврдија информацијата која се знаеше веќе неколку денови.

Македонскиот интернационален голман, Никола Митревски е нов член на португалскиот клуб со кој потпиша договор со времетраење од една година.

За Митревски заинтересиран беше и Вардар, но како што изјави 34 годишниот голман за официјалната страна на Порто, не размислувал многу кога пристигнала понудата од португалскиот шампион.

– Минатата година имав можност да играм против Порто во ЕХФ купот, а сега знам се како функционира во клубот. Многу сум среќен со овој трансфер затоа што знам како се работи во Порто и кога понудата пристигна не размислував многу пред да ја прифатам.

– Верувам дека ќе се адаптирам добро и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона во која ќе собереме многу победи и многу трофеи. Наша цел е да продолжиме да освојуваме трофеи во Португалија и да стигнеме до Ф4 во Лигата на шампионите.

– Уште од мојот прв натпревар на „Драгао Арена“ кога во 2010 година игравме со Металург, имам убави сеќавања за овој клуб. Ова е феноменално опкружување. Каде и да игра ракометниот клуб, сите играчи на фудбалскиот клуб ги поддржуваат. Играњето тука е чест за сите играчи, -заврши Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни