Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Порто и Митревски испуштија голема предност и ремизираа со Барселона

Објавено

на

Никола Митревски и Порто испуштија сериозна предност во дуелот со европскиот првак Барселона, па на крајот мораа да се задоволат со реми (33:33) во дуелот со големиот фаворит во ракометната Лига на шампиони.

Порто играше одлично пред своите фанови, на полувреме водеше со 17:14, а во вториот дел стигна и до седум голови предност.

Но, Барселона успеа да се рехабилитира и со жестоко темпо во последните дваесет минути, стигна до реми и бод од ова гостување.

Најрасположен за голови во редовите на Барселона беше Гомез Абелјо со 11 голови, додека кај Порто, Слишковиќ реализираше 7, а Ареја 6 погодоци. Митревски имал две одбрани, а порасположен бил неговиот клупски колега Франдсен со 10 голови.

Со денешното реми, Барселона има 9 бодови, еден помалку од лидерот Кјелце, додека Порто има 5 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни