Свет
Порто го повлече дресот со број „1“ во чест на Кинтана и потсети на неговата најдобра одбрана во кариерата (Видео)

Срцето на Алфредо Кинтата издржа само неколку дена и денеска за жал престана да чука во болницата во Порто, по што португалскиот великан со огромно жалење на пренесе трагичната вест за смртта на 32-годишниот голман.
Чуварот на мрежата претрпе срцев удар на тренингот на Порто во понеделникот по што веднаш беше реанимиран и ставен во вештачка кома поради сериозните последици на највиталниот орган, но неполни четири дена по трагичниот настан, лекарите и покрај сите напори востановиле смрт и информираа дека Кинтана ја загубил најважната битка во животот.
Ова одново го обои во црно ракометниот свет кој минатата недела остана без легендарниот Златко Сарачевиќ, а додека сите луѓе инволвирани во ракометот искажуваат огромна тага и поддршка до најблиското семејство, Порто излезе со официјална информација за почеста која легендарниот голман ќе ја добие од водечките луѓе.
Порто одлучи да го повлече дресот со број „1“ и истиот вечно ќе остане во сеќавање на фантастичниот Кинтана, предлог кој го издал претседателот на клубот Пинто Да Коста, а истиот веднаш бил прифатен.
Покрај ова, португалскиот ракометен великан за кој игра и нашиот Никола Митревски ја сподели и најдобрата одбрана на Кинтана во неговата кариера.
A camisola número 1 não voltará a ser utilizada na nossa equipa de Andebol, por proposta do Presidente Jorge Nuno Pinto da Costa à direção do FC Porto🔵⚪
💪 𝐄𝐭𝐞𝐫𝐧𝐨 𝟏 𝐐𝐮𝐢𝐧𝐭𝐚𝐧𝐚 💪#FCPorto #FCPortoSports pic.twitter.com/u5gxl3GdDj
— FC Porto (@FCPorto) February 26, 2021
Enquanto houver memória, estarás sempre connosco 🔵⚪
💪 𝐄𝐭𝐞𝐫𝐧𝐨 𝟏 𝐐𝐮𝐢𝐧𝐭𝐚𝐧𝐚 💪#FCPorto #FCPortoAndebol #Andebol #FCPortoSports pic.twitter.com/QhzV5d1nY4
— FC Porto (@FCPorto) February 26, 2021

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Шпанијапред 11 часа
Супер лигата испрати соопштение по откажувањето на премиерлигашите: Англичаните беа принудени на ова!