Поврзете се со нас

Свет

Порто го изневери Пепе и соопшти одлука која ги разлути фановите на фудбалскиот великан (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Пепе прикажа извонредни партии на Европското првенство на 41-годишна возраст и стана највозрасниот кој некогаш заиграл на едно Европско првенство, но и покрај тоа што се уште чувствува дека има што да прикаже на теренот, стоперот остана изневерен од саканиот клуб.

Легендарниот стопер е симбол за големина во Порто и како капитен на тимот беше незаменлив во ростерот на Серхио Консеисао, но големата промена која настана во хиерархијата на клубот, сега донесе непопуларно сценарио кое ги разлути фановите.

Иако сакаше да остане и да биде лидер на тимот, Пепе е принуден да бара нова авантура во петтата деценија од животот, откако новиот претседател Вилјаш Боаш одлучи дека е време за коренити промени и потпирање на млади сили во првиот тим.

Уште при самиот старт на претседателската смена, од Португалија се најави вакво сценарио за Пепе, а по крајот на Европското првенство, истото беше официјализирано од самиот клуб.

– Историјата зборува сама за себе, – објави Порто на социјалните мрежи.

Пепе се збогува од Порто после 288 натпревари и 15 освоени титули во Порто, а тоа го прави еден од најуспешните во историјата на клубот. Стоперот играше за Порто во две етапи, односно од 2004-та до 2007-ма кога направи трансфер во Реал, а потоа од 2019-та до 2024-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни