Поврзете се со нас

НБА

Портланд со важна победа во битката за плеј-офот во НБА Лигата

Објавено

на

blank

Екипата на Портланд славеше доста важна победа во битката за плеј-офот откако во Орландо го совлада тимот на Хјустон Рокетс со 110:102.

Портланд водеше во текот на целиот натпревар освен во финишот кога Хјустон успеа да изедначи на 100:100, меѓутоа до крајот успеа да постигне само два поени и да претрпи пораз.

Демиан Лилард се истакна во Портланд со 21 поен, додека еден помалку уфрли Си Џеј Меккалум. Кај Хјустон Џејмс Харден уфрли 23 поени, а ист скор имаше и Џеф Грин.

Индијана со 120:109 го победи Орландо, додека Мајами славеше против Бостон Селтикс со 112:106.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни