Поврзете се со нас

Формула 1

Порше по повеќе од половина век се враќа во Формула 1

Објавено

на

Еден од најпознатите произведувачи на автомобили, компанијата Порше има намера во иднина да влезе во Формула 1 спортот.

Според медиумите кои се занимаваат со мото спортот, Порше планира да откупи 50% од акциите во сопственост на Ред Бул Рејсинг и со тоа да започне да се натпреварува со свој тим во шампионатото на Формула 1.

Веќе извесен период стои идејата дека Порше сака да се приклучи во најбрзиот мото циркус во светот, а како што стојат работите тоа ќе се случи до 2026 година.

Порше во соработка со Ред Бул би развиле нов болид до 2026 година за кога се најавени нови измени во Формула 1.

Според првичните информации, договорот меѓу двете страни ќе биде потпишан на десет години, а истиот би бил објавен на 4. август.

Инаку, Порше и во минатото се натпреварувал во Формула 1, односно во раните 60-ти, но тогаш се повлекле поради големите трошоци за натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни