Поврзете се со нас

Шпанија

Поренешен помошник на Симеоне доби отказ поради непримерниот коментар за Јамал

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона и ПСЖ ја бојкотираа телевизијата „Мовистар“ по завршувањето на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите, а претставниците на двата клуба одбиле да дадат изјави поради конкретна причина.

Истата е контроверзна изјава на Херман Бургос, кој за време на преносот испорачал непримерен коментар на сметка на Ламин Јамал од редовите на Барселона, за што сега остана без својот ангажман како стручен коментатор.

– Ако работите не одат како што посакува, може да заврши покрај некој семафор, – рекол Аргентинецот и предизвикал голем скандал, нешто што не било променето и по неговото лично извинување и извинувањето на медиумот.

„Мовистар“ објави дека му врачил отказ на Бургос и тој веќе нема да биде стручен коментатор на телевизијата.

Поранешниот аргентински голман е познат по својот темперамент, а фудбалската јавност го препознава како долгогодишен прв асистент на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и човек кој пред неколку години, на неочекуван начин ја заврши соработката со својот сонародник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни