Пораз во дербито: Борко и Бенфика немаа одговор за Спортинг

borko

Тимот на Бенфика од кој дел е нашиот репрезентативец, Борко Ристовски доживеа пораз од вечниот ривал Спортинг во дербито на колото во првата лига на Португалија.

Домашниот тим си создаде убава преднос од пет голови во првите 30 минути (15-10), позитива која ја сочуваа во остатокот од мечот за конечни на крајот 26-21. Карол со седум гола ја предводеше листата на стрелци кај победникот, додека на спротивната страна Ѓорѓиќ беше најефикасен со шест погодоци.

Ристовски пак не беше лош на голот на Бенфика со 11 интервенции или 31 процент на одбранети удари.

За Бенфика ова беше 4 пораз со што останува на третата позиција зад лутите ривали Спортинг и Порто.

Facebook Коментари