Пораз на стартот: Куманово загуби од Левски во Софија

kumanovo

Македонскиот прволигаш Куманово доживеа пораз од Левски со 85-78 на стартот на новата сезона во БИБЛ Лигата.

Нијанси го одлучија натпреварот, но фактот што Левски доби три од четирите четвртини (27-25, 18-19, 21-16, 19-18) говори дека бугарскиот претставник заслужено дојде до триумфот.

Резервистот Миљковиќ со 17 поени беше најефикасен кај кумановци, Караџовски пак уфрли 16, а центарот Јаневски 15 кошеви. Најдобар поединец во домашниот табор беше Веселинов со 23 поени и 9 скокови.

Во следното коло Куманово е домаќин на Ибар Розаје.

Facebook Коментари