Поврзете се со нас

Македонија

Пораз на македонските екипи: Тиквеш загуби од Гуиф, Струга надиграна од ПАОК

Објавено

на

Македонските клубови Тиквеш и Струга претрпеа порази на денешните натпревари на 52. издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Тиквеш вчера беше надигран од Вардар, додека пак вечерва по голема борба загуби од Гуиф од Шведска со 32:30. Првиот дел мина во израмнета игра и резултат 15:15, но гостите подобро се снајдоа во вторите 30 минути и дојдоа до триумф кој ги носи на пресметка со „црвено-црните“ за првото место во групата.

Во составот на Тиквеш се истакна Анастасовски со седум и Кофилоски со пет гола, на другата страна по седум реализации имаа Густафсон и Остерхал.

Струга пак не издржа во вториот дел и загуби од ПАОК со 27:19. Најдобар стрелец кај домаќините беше Летиќ со шест погодоци, кај победникот исто толку имаше Јоанидис, а голманот Папазоглу запиша 13 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни