Поранешните вардарци Гонзалес, Штербик и Циндриќ се најдобри во ЛШ

luka

Европската ракометна федерација или поточно тренерите на сите учесници во Лигата на шампионите ги одбраа најдобрите во елитното натпреварување за оваа сезона.

Во неколкуте различни категории има доста реномирани имиња, односно има голем број на победници кои и се добро познати на македонската публика.

Така македонскиот селектор и екс предводник на Вардар, Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер од неговите колеги, додека пак позициите среден бек и голман се наменети исто за поранешни членови на „црвено-црните“, тоа се Лука Циндриќ и Арпад Штербик.

Домот пак на Вардар, СЦ „Јане Сандански“ заврши на второто место во рангирањето на салите со најдобра атмосфера зад онаа на Веспрем.

Во останатите категории првото место го освоија Уве Генсхајмер (лево крило), Микел Хансен (лев бек), Дика Мем (десен бек), Давид Балагер (десно крило) и Лудовик Фабрегас (Барселона).

Facebook Коментари