Поврзете се со нас

Англија

Поранешниот тренер на Тотенхем го советува клубот да тргнат по уште еден фудбалер на Реал Мадрид

Објавено

на

Од редовите на Тотенхем во следните неколку часови се очекува да ги потврдат трансферите на Герет Бејл и Серхио Рехуилон.

Големо внимание секако привлече доаѓањето на Бејл кој на „Вајт Харт Лејн“ ќе пристигне на едногодишна позајмица во која и Реал Мадрид и Тотенхем ќе плаќаат дел од неговата астрономска плата.

По враќањето на Бејл во старото јато, поранешниот тренер на овој клуб, Хари Реднап верува дека во Северен Лондон треба да го вратат и Лука Модриќ.

Хрватот беше блиску до заминување од Реал Мадрид минатата сезона, меѓутоа на крајот остана во клубот и со добрите игри кои ги покажа во сезоната во која Реал стана шампион си купи уште време во дресот на „кралскиот клуб“.

– Јас лично би се обидел да го вратам Лука Модриќ назад. Нека создадат повторно тандем, Бејл- Модриќ. Тоа ќе биде одлична зделка. Лука се уште е фантастичен играч и такво нешто би било неверојатно за клубот.

– Се уште чувствувам дека имаат потреба од таков играч, имаат офанзивци, но им треба некој кој ќе ги храни со топки. Тоа е позиција каде некој како Лука Модриќ може да одигра вистински пасови кон напред, во Тотенхем имаат недостиг од таков играч, -јасен беше Хари Реднап.

Модриќ четири сезони го носеше дрест на Тотенхем, од 2008 до 2012, и во клубот од Северен Лондон се афирмираше како еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни