Поранешниот тренер на Несторовски: Срамота е да го гледам во Серија Б, мора добро да контролира две работи

nestor slavi

Македонскиот напаѓач и репрезентативец, Илија Несторовски ја тера својата втора година во тимот на Палермо, клуб во кој веднаш се наметна со своите партии и погодоци по трансферот од хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ.

Во Интер Запрешиќ нашиот Иле блескаше под водство на тренерот Самир Топлак кој одлични ги знае квалитетите на Македонецот, па во интервју за италијанските медиуми посочи дека е срамота што неговиот  поранешен пулен игра во Серија Б.

– Го гледав неговиот развој и среќен сум заради тоа. Со оглед на неговите квалитети  срамоета е да го гледам во Серија Б. Илија треба само да ги контролира емоциите, понекогаш игра со големо срце, се жртвува. Мора добро да ги менаџира тие две работи, -истакнал Топлак издвојувајќи еден специјален момент со напаѓачот од Прилеп.

-Во мојот прв меч за Интер Запрешиќ тој беше исклучен. Ние победивме со 1-0 и следната недела тој тренираше како да се подготвува за за финале на ЛШ. Не разбирав зошра работи со толкав интензитет, потоа ми призна дека стравува дека може да го загуби своето место во тимот по тоаа победа. Мислеше оти нема да верувам во него, односно дека тимот може без него, -посочил хрватскиот стручњак.

Facebook Коментари