Поранешниот тренер на Лестер, Клод Пуел со интересен коментар: Варди е како дете, му треба внимание…

puel

Лестер Сити оваа сезона повторно е најпријатното изненадување во Премиер лигата затоа што под водство на Брендан Роџерс и на крилата на Џејми Варди се наоѓа високо, на втората позиција на табелата.

Најдобар стрелец во Премиер лигата со 14 погодоци во моментов е токму Џејми Варди кој повторно ги тероризира противничките мрежи.

Интересен коментар за англискиот репрезентативец даде поранешниот тренер на Лестер, Клод Пуел кој посочи дека Варди понекогаш знае да биде вистинско дете и дека му е потребно внимание.

– Немав никаков проблем со Џејми. Џејми е добар човек, но понекогаш се однесува како дете, потребна му е поддршка,   потребно му е внимание. За мене беше тешко затоа што јас не сум Англичанец, ми беше тешко да ги споделам и да му ги објаснам сите чувства, -изјави  Пуел.

Facebook Коментари