Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешниот стопер дел од „случајот Рубиалес“: Полицијата ги „чешла“ банкарските сметки на Пике

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/3gerardpique/

Трансфсерот на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија е предмет на истрага веќе извесно време и „случајот Рубиалес“ денеска продолжи со приведување на поранешниот претседател на фудбалската Федерација на Шпанија, но вечерва пристигна информација дека дел од „чешлањето“ е и Жерард Пике.

Шпанското обвинителство побарало од полицијата да изврши целосна истрага на сите банкарски трансакции кои ги има направено поранешниот стопер на Барселона, најпрво од личните трансакциски сметки, а потоа и од компаниите кои ги поседува.

Компанијата „Космос“ која е во сопственост на Пике во еден момент беше дел од преговорите кои ги водеа водечките луѓе на шпанскиот фудбал со Саудијците, па целта на истрагата е да се открие дали Пике извршил финансиски гаранции во корист на Рубиалес или други директори кои биле вклучени во спорната операција.

Според информациите, спорни за обвинителството се одредени провизии кои биле платени на трето лице од страна на компанијата на Жерард Пике, па полицијата сега треба да утврди дали легендарниот дефанзивец направил нешто нелегално и незаконско за своја корист, но и корист на Луис Рубиалес кој е под сериозна истрага за корупција и перење на пари.

Од правниот тим на Пике засега не се огласуваат на оваа тема и непознат е ставот на самиот фудбалер, кој интересно пред неколку дена беше специјален гостин во соблекувалната на Барселона и имаше можност да се види со поранешните соиграчи од првиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни