Поврзете се со нас

Свет

Поранешниот соиграч на Трајковски направи страшен кикс, Роналдо го однесе Ал Наср во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Александар Трајковски си замина од Саудиска Арабија откако не пронајде заеднички јазик со Ал Фејха за продолжување на соработката, а неговиот порашен соиграч Стојковиќ вечерва режираше голем кикс во осминафиналната пресметка со Кристијано Роналдо.

Ал Наср со вкупни 3:0 ја победи Ал Фејха во азиската Лига на шампиони и се пласираше во четвртфиналето, со тоа што потврда на билетот во оваа фаза обезбеди најголемата ѕвезда на фаворитот.

Роналдо ги постави конечните 2:0 на вечерашниот меч, но истиот пристигна по огромна и почетничка грешка на некогашниот голман на српски Партизан.

Владимир Стојковиќ имаше се на своја страна за да ја расчисти опасноста, но наместо тоа промаши цела топка и му овозможи на Роналдо да постигне еден од најлесните голови во кариерата.

Претходно, Отавио го донесе Ал Наср во водство и само потврди дека игра во извонредна форма, а првиот меч кој се одигра на теренот на Ал Фејха го реши Кристијано со гол во самата завршница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни