Поврзете се со нас

Македонија

Поранешниот селектор ја прекина паузата: Ангеловски доби нов тренерски ангажман (Фото)

Објавено

на

Игор Ангеловски не се задржа долго во Горица и доста брзо ја заврши својата авантура во Хрватска, а после неколку месеци пауза, поранешниот македонски селектор повторно добива ангажман.

Популарниот Мрме се одлучи за ново интернационално искуство и овојпат ќе работи во Казахстан, од каде утрово пристигна информација дека македонскиот стручњак ќе го води Каспиј.

Се работи за тим кој е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.

Ангеловски ќе има за задача да го подигне нивото и да ја подобри формата на тимот во периодот кој претстои, а од клубот му посакаа многу среќа во оваа нова епизода во кариерата.

– Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер, – се вели во краткото соопштение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни