Поранешниот претседател на Јуве: Кристијано рече дека си оди за да биде со мајка му, но наместо тоа….

ronaldo-nabildan

Пред да настане големата криза со коронавирусот, Кристијано Роналдо се најде во една навистина неблагодарна ситуација и мораше ургентно да замине во Португалија поради мозочниот удар кој го доби неговата мајка, но откако работата се стабилизираше, ѕвездата се врати во Торино и беше дел од дербито со Интер кое беше последно кое се одигра во Серија А.

Иако првично сите играчи на Јувентус требаше да го одработата карантинот во Торино, со текот на времето им беше дозволено на фудаблерите да заминат во своите родни краишта, а прв такво нешто направи Кристијано кој самоизолацијата ја минува на Мадеира.

По него, од Торино си заминаа голем број играчи од првиот тим, епилог кој не му се допаѓа на екс претседателот на клубот, Џовани Коболи кој одлучи директно да го нападне Португалецот.

– Работите станаа потешки за Јувентус откако Кристијано Роналдо доби дозвола да си замине. Тој рече дека оди во Португалија за да биде со мајка му, но наместо тоа, тој постојано објавува фотографии од базен и слично. Бидејќи беше направен исклучок за него, ситуацијата стана потешка и другите побараа да си одат. Не требаше да биде така, сите требаше да останат во карантин во Торино, – потенцира човекот кој го водеше Јувентус после Калчополи.

Facebook Коментари