Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешниот претседател Бартомеу: Барселона не смееше да дозволи разделба со Меси

Објавено

на

Жозеп Бартомеу се повлече од претседателската функција во Барселона и беше наследен од Жоан Лапорта, кој подоцна не успеа да обезбеди услови за задржување на Лионел Меси во каталонскиот тим.

Меси сакаше да си замине и претходното лето, но Бартомеу успеа да го задржи во тимот, па сега вели дека Барса направила грешка која не смеела да си ја дозволи.

– Тренерот Куман го загуби Меси. Јас како претседател не сакав тој да си замине и направив се што можев како претседател да го задржам.

– Мислев дека е најдобро за двете страни да продолжи соработката, но една година подоцна тие му дозволија да замине и мислам дека тоа е лоша одлука. Играњето без Меси подразбира многу промени.

– Што се однесува до Куман, мислам дека дојде во незгоден момент и првата сезона му беше успешна. Го освои шпанскиот куп, иако не ми е јасно зошто не ја освоивме титулата во Ла Лига. Лигата на шампионите е друга приказна, – изјавил Бартомеу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни