Поранешниот параолимпиец доби зголемување на затворската казна: Писториус ќе лежи скоро 14 години во затвор

Oskar Pistorius

Судот во Јужна Африка донесе нова одлука и ја зголеми затворската казна на Оскар Писториус,  за убиството на неговата девојка од 6 на 13 години и пет месеци.

Објаснувањето на Писториус не помина првично кај поротата и му беа досудени 6 години затвор во 2015 година. Тој се бранеше дека пукал во Рива Стенкамп во 2013 година во самоодбрана мислејќи дека тоа е крадец. Писториус пукал четири пати низ вратата од тоалетот во неговиот дом  во Преторија и тоа убиството се случило на ,,Денот на Вљубените”.

Обвинителот во повтореното судење потенцираше дека правдата не е задоволена зошто казната од шест години е многу мала.

Facebook Коментари