Поврзете се со нас

Англија

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Сити на клупата на Велс

Објавено

на

Велшанецот Крег Белами го презеде кормилото на својата родна земја, јавува Би-Би-Си.

За поранешниот крилен напаѓач ова ќе биде прва работа како главен тренер во сениорска конкуренција. Тој беше помошник на Винсент Компани, со кого ја делеше соблекувалната на Манчестер Сити.

Додека Белгиецот беше на чело на стручниот штаб на Андерлехт, од 2019 година Белами беше на чело на младинскиот тим на бриселскиот клуб. Велшанецот се повлече две години подоцна од лични причини.

Тој му се придружи на својот стар другар во Барнли, кој минатата сезона испадна од Премиер лигата. Компани беше назначен за тренер на Баерн на крајот на мај, а Белами беше промовиран на неговата позиција. Сепак, работата селектор на „зелените змејови“ со кои се поврзуваше Тиери Анри ја претпочиташе од работата во Чемпионшип.

Како играч, Белами ги бранеше боите на бројни англиски тимови – Норич, Ковентри, Њукасл, Блекбурн, Ливерпул, Вест Хем и Манчестер Сити. Тој играше половина сезона во Селтик, а ги закачи копачките играјќи за неговиот роден тим, Кардиф Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни