Поврзете се со нас

Англија

Поранешниот миленик од „Олд Трафорд“ искрено за тоа каков бил Фергусон: Бев уплашен од него, прво…

Објавено

на

Иако според многумина не го покажа сиот свој капацитет во осумгодишниот престој на „Олд Трафорд“, Луис Нани беше еден од милениците на фановите на Манчестер Јунајтед.

Кога Кристијано Роналдо си замина од клубот, Нани требаше да биде негова замена, меѓутоа брзоногиот фудбалер никогаш не се издигна на тоа ниво, но и покрај тоа имаше одлични осум сезони во дресот на „ѓаволите“.

Сега Нани се сети на една анегдота поврзана со Сер Алекс Фергусон, од кого, како што кажа самиот играч имал голем страв.

Бидејќи живееле во близина, често се случувало Нани да го носи Фергусон на тренинзите, а потоа и да го враќа назад. По натпреварот со Фулам, во кој Нани одиграл одлично, но направил една глупост, Фергусон бил доста лут на него и му одржал вистинска лекција.

– Играв неверојатно и со многу самодоверба. Ни беше досуден пенал, а според договорот требаше да го шутира Рајан Гигс. Бев сигурен во себе и на Гигс му побарав да го изведам пеналот, а тој не рече ништо. Шутирав и промашив.

– Со голот би повеле со 3:2. Се враќавме дома и му реков: „Шефе, можам јас да ве префрлам дома“. Го возев и тогаш не прозборе ниту еден збор со мене.

– Во соблекувалната ме уништи, ме праша кој ми дал дозвола да го шутирам пеналот. Праша дали тоа бил Рајан. Потоа го уништи и него. Тој ден ми беше неверојатен. Го однесов дома, но ми беше многу непријатно.

– Фергусон е човек кој знае како да се соочи со разни карактери. Тогаш бев млад, а подоцна научив многу од него. Таков е животот, постојано се учи, -изјави Луис Нани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни