Поврзете се со нас

Македонија

Поранешниот македонски капитен по вторпат ќе го води Вардар

Објавено

на

Вардар се претплати на краткорочни тренерски смени од почетокот на сезоната и во неполни три месеци го добива и четвртиот предводник, откако вчера управата на клубот реши да се раздели со Срѓан Захариевски.

Популарниот Срле беше трет избор по заминувањата на Горазд Михаилов и Горан Петрески, но бидејќи резултатите не одеа во прилог на Захариевски, шесте порази во низа направија да видиме нова смена во стручниот штаб.

Последниот неуспех на гостувањето во Битола резултираше со спогодбена разделба меѓу двете страни, а Вардар рано утрово ги извеси своите фанови дека нов тренер ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Седлоски.

Седло го водеше Вардар од 2015-та до 2017-та година и освои две шампионски титули, па сега после седум години се враќа на местото на кое ги оствари најдобрите резултати во тренерската кариера.

Гоце во меѓувреме ги водеше и Работнички и Шкупи во Првата македонска фудаблска лига, а сега токму против чаирчани ќе го има второто деби на клупата на Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни