Поврзете се со нас

Свет

Поранешниот капитен на Ливерпул не се менува: Хендерсон се избори за аут и славеше како да постигнал гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFCAjax

Ајакс имаше критични моменти во текот на сезоната и во еден момент беше блиску до опасната зона, но великанот од Амстердам успеа да се стабилизира и сега дојде во ситуација да се бори за Европа.

Последниот дерби натпревар против Утрехт само потврди дека „копјаниците“ се сериозни во намерата да бркаат европски фудбал до самиот крај, а победата од 2:0 донесе големо задоволство на трибините.

Броби и Тејлор беа задолжени за постигнување голови во мрежта на Утрехт, додека најголемото зимско засилување беше задолжено за одржување на позитивна атмосфера на трибините.

Џордан Хендерсон пребега од Саудиска Арабија и се врати да игра фудбал во Европа, а изгледа дека фудбалската култура во Холандија одговара со неговиот карактер.

Хендо покажа завидна страст во ситуација кога избори само еден аут за својот тим, па емоциите кои ги покажа предизвикаа и различни реакции на социјалните мрежи.

Фановите на Ајакс се импресионирани од пожртвуваноста на искусниот играч за врска, додека останатите му фаќаат и сеир за непотребната прослава на не толку важен момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни