Поврзете се со нас

Италија

Поранешниот извршен директор на Интер: Продажбата на Лукаку ќе биде крајот за нив

Објавено

на

Поранешниот извршен директор на Интер, Ернесто Паолило упати предупредување дека евентуалната продажба на Ромелу Лукаку ќе биде крај за компанијата „Сунинг“ која е на чело на клубот.

Кинеските гиганти се за продажба на Ромелу Лукаку, за разлика од навивачите и спортските директори кои одбиваат да ја продадат својата најголема ѕвезда.

Челси нуди 130 милиони фунти за Ромелу Лукаку, а доколку тоа се случи спортските директори Пјеро Аусилио и Бепе Марота веројатно ќе го напуштат клубот, а исто така и новиот стратег, Симоне Инѕаги ќе го кренел својот глас.

– Жално е што сопствениците не сакаат да инвестираат или не веруваат во овој клуб. Мислам дека ова е крајот на „Сунинг“ во Интер. Ако ништо друго, тие докажаа дека сакаат само да направат што е можно повеќе пари и да го продолжат тоа се додека не најдат купувач за клубот.

– Ако „Сунинг“ сакаа да останат во Интер, ќе го продадеа Хакими, но ќе го задржеа Лукаку. Со тоа дефинитивно ќе го кренат белото знаме. Се надевам само дека Марота се уште преговара со водството на Интер и работите околу нов купувач, затоа што најдобро во овој моменте „Сунинг“ да го напушти бродот, -истакна Паолило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни