Поврзете се со нас

Македонија

Поранешниот голем талент на Вардар направи трансфер во Бешикташ: Имам само една цел (Фото)

Објавено

на

Турските клубови се почесто се вртат кон Македонија за пронаоѓање на големи фудбалски таленти кои во иднина можат да направат одлична кариера, па сега стана официјално дека примерот на Елиф Елмас го следи и поранешната голема надеж на Вардар.

Бесар Гуџуфи си замина од Вардар пред пролетниот дел од сезоната кога настана големата криза во клубот и потпиша за Беласица, но сега го направи трансферот на кариерата и покрај тоа што има само 16 години.

Десетина дена пред да наполни 17 години, Гуџуфи беше претставен како нов играч на младинската школа на Бешикташ, па сега ќе има шанса за докажување во наредните пет години. Клубот го претстави македонскиот фудбалер како играч кој треба да се развие на извонреден начин, а преселбата ја потврди и самиот Гуџуфи кој преку социјалните мрежи испрати фотографии на кое се гледа како позица со дресот на новиот турски шампион.

– Многу сум среќен што дојдов во најквалитетниот тим во Турција, – порача Гуџуфи на Твитер, а испрати и порака за сајтот на Бешикташ.

– Од денеска ќе имам само една цел. Ќе се обидам да бидам се подобар и подобар од натпревар во натпревар и верувам дека ќе постигнеме добри резултати заедно, – изјави младиот македонски фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни