Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев застрелан во инцидент во Скопје

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев е застрелан со огнено оружје во инцидент кој се случил вечерва во скопската населба „Аеродром“.

Како што објави МИА, непознато лице со неколку куршуми го застрелало Јанушев во пределот на главата, а тешко повредениот е пренесен со приватен автомобил во болница. Напаѓачот го оставил оружјето на местото на настанот и побегнал, а засега нема информации за состојбата на повредениот.

Јанушев во својата кариера настапуваше за неколку македонски клубови, a неговиот последен ангажман бил во скопска Локомотива.

Facebook Коментари