Поврзете се со нас

Лига Европа

Поранешниот бек на Ливерпул: Ќе отидам во гроб без да знам зошто сите ме обвинија за поразот во финалето

Објавено

на

Алберто Морено е пред своето трето финале во Лигата на Европа, овојпат како член на Вилјареал откако претходно го играше завршниот меч во ова натпреварување како играч на Севилја и Ливерпул.

Шпанскиот лев бек беше еден од најбараните дефанзивци во светот откако ја освои титулата во Лига Европа со Севилја, а интересно, направи трансфер во клубот со кој подоцна загуби во второто финале токму од шпанскиот состав. Алберто Морено не се сеќава по добро на финалето кое тој го играше против Севилја како стартер на Ливерпул, бидејќи цела англиска јавност го обвини за поразот кој го претпреа „црвените“.

Иако поминаа пет години од тој меч, Морено се уште има црни сеќавања од деновите по финалето, бидејќи никогаш нема да разбере зошто бил обвинет за неуспех на цел тим.

– Се уште не го сфаќам бомбардирањето кое го имав. Бев нападнат со критики. Да, првиот гол беше примен поради мене, но јас сум дефанзивец, секако дека некој ќе ме помине и ќе дае гол. Ако можат да го минат Серхио Рамос кој е најдобар дефанзивец во светот, можат да дадат гол и против мене. Цел тим не играше добро во тоа финале, но вината беше префрлена на еден играч, односно на мене. Не се согласувам со таков пристап, цела јавност ме критикуваше само мене. Го загубив финалето и не можев да си го извадам тоа од глава. Читав наслови на кои пишуваше само „Алберто, Алберто, Алберто“. Ќе отидам во гроб без да знам зошто бев виновен, – вели Морено во интервјуто за „Гардијан“.

– Мојот однос со Клоп остана перфектен и по тој меч, но веќе не беше ништо исто на професионално ниво. Ако ме заштитеше со добиени шанси, ќе беше подобро за мене, но шансите не дојдоа. Не знам дали тоа го одлучи Клоп или клубот, но кога играч како Милнер кој е везен фудбалер игра на позицијата лев бек, тогаш знаете дека веќе не ве сакаат во тимот, – додава Алберто кој сега со Вилјареал ќе игра против Манчестер Јунајтед во големото финале.

– Бев во Севилја и стигнавме до финалето, потоа отидов во Ливерпул и игравме во финалето и сега сум во ново финале со Вилјареал откако дојдов во тимот. Во следниот клуб, ќе барам бонус во договорот за финале во Лига Европа, – завршува Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни