Поврзете се со нас

Англија

Поранешниот асистент на Артета и привремен тренер на Арсенал: Во составот дефинитивно има место за Озил

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Арсенал, а подоцна и привремен тренер и асистент на Микел Артета, Фреди Љунберг смета дека во тимот се уште има простор за Месут Озил.

Германскиот фудбалер беше исфрлен од составот за Премиер лигата и Лига Европа од страна на Микел Артета и во моментов е замрзнат во клубот, без да игра официјални натпревари.

Сепак, Љунберг смета дека Озил би можел да му биде од корист на Артета и меѓу редови го критикуваше младиот стратег што се одлучил да го отстрани името на фудбалерот од својот тим.

– Месут е одличен фудбалер, сите го знаеме тоа. Сите имаме различни мислења и секој треба да прифати што луѓето имаат различни мислења.

– Она што јас се обидов да го направам, она во што верував беше дека кога ќе игравме против тимови кои на хартија се помали од нас и за кои мислиш дека може да ги блокираат нашите напади, се обидував да ги „отклучам“ со присуството на Месут во тимот. Месут имаше квалитет да го стори тоа. Мислам дека има место за играч како него во тимот на Арсенал, посебно за вакви средби, -изјави Љунберг за „Атлетик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни