Поврзете се со нас

Германија

Поранешниот агент на Левандовски призна: Инсистираше на трансфер во Реал Мадрид поради една причина

Објавено

на

Поранешниот агент на Роберт Левандовски, Чезари Кучарски призна дека послкиот напаѓач инсистирал на трансфер во Реал Мадрид пред да потпише договор со Баерн Минхен.

Иако преговорите со „баварците“ биле во полн ек, Левандовски побарал трансфер во Реал Мадрид поради фактот што во овој клуб настапувал Кристијано Роналдо.

Сепак, на крајот Кучарски го убедил Левандовски да потпише за Баерн Минхен, нешто што сега се потврдува дека било и тоа како добар потег.

– Додека траеа преговорите тој се откажа и не сакаше да потпише договор со Баерн и сакаше да оди во Реал Мадрид затоа што Кристијано Роналдо беше таму.

– Сепак, го убедив дека мора да биде прв напаѓач во некој топ клуб. Во Реал Мадрид тој ќе беше зад Карим Бензема и не можев да му дозволам да оди во клуб каде ќе има статус на резерва.

– Ова го истакнував во сите преговори, било тоа да е со Реал Мадрид, Арсенал или Манчестер Сити, -изјави Кучарски кој потоа истакна дека Левандовски се плашел дека од Марио Манџукиќ нема да може да добие шанса во нападот на Баерн Минхен.

Полјакот во изминативе години прерасна во вистинска легенда на Баерн Минхен постигнувајќи вкупно 236 погодоци на 281 одиграна средба во баварскиот дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни