Поврзете се со нас

Свет

Поранешниот агент и добар пријател на Марадона: Диего реши дека е време да умре, отиде кај оние кои најмногу ги сакаше!

Објавено

на

Стефано Чечи голем дел од својот живот мина во потесното друштво на Диего Армандо Марадона, односно беше човек од доверба на легендарниот аргентински фудбалски маестро кој пред два дена почина во родната Аргентина во својот дом во Буенос Аирес.

Животот на фудаблскиот „Бог“ во Аргентина згасна на 60 години и тоа ги фрли во тага и ги облеа во солзи сите „гаучоси“ од оваа јужноамериканска земја, која денеска го одработува вториот ден на жалост од трите кои ги прогласи претседателот по смртта на неповторливиот Дон Диего.

Марадона вчера беше погребан на гробиштата „Бела Виста“ и им се придружи на своите мајка и татко кои починаа пред девет, односно пет години, а сега Чечи како неговиот поранешен агент и многу близок пријател, откри дека Диего починал поради тоа што ја загубил желбата за живот.

– Марадона реши дека е време да умре, сакаше да умре. Не сакаше да живее повеќе. Диего престана да биде Диего уште кога наполни 15 години. Откако стана Марадона, тој беше многу осамен.

– Во последните неколку месеци, Диего беше навистина многу изморен. Видов дека нешто не е исто и не е како што треба. Пред две години во Дубаи, тој играше фудабл, играше падел со луѓе кои се 15 или 20 години помлади од него. Беше физички активен, но тогаш почна да се губи љубовта меѓу него и Росио (последната девојка) и се виде дека падна и физички и психички. Хаосот во неговото семејство никогаш не му даваше мир, никогаш го немаше потребниот мир.

– Диего многу често беше осамен, сите мислеа само на Марадона. Живеев 20 години крај него, јас ја запознав и личноста Диего покрај големиот фудбалер. Диего беше многу скромна и кревка личност. Личноста на Диего беше различна од Диего фудбалерот. Многу уживав со него, имам безброј спомени од Диего, малкумина уживале со него како тоа што го можев јас. Ако ништо друго, Диего сега е се двете личности кои најмногу ги сакаше: Неговите мајка и татко. Сигурен сум дека Диего сега го пронајде мирот, – порачува Чечи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни