Поврзете се со нас

Свет

Поранешната ѕвезда на Арсенал која замина на печалба во Барселона се одјави и замина во пензија (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/17alexsong

Истото лето кога Лука Модриќ направи трансфер во Реал Мадрид, Барселона реши да ангажира друга ѕвезда од Премиер лигата, а тоа беше Камерунецот Алекс Сонг кој дотогаш брилјираше во дресот на Арсенал.

Неуморниот играч за врска беше лидер во средниот ред на Арсен Венгер и замина во Барса како огромно засилување, но потоа излезе дека од прв момент бил запознаен со јасната ситуција, односно дека бил ангажиран само за да биде статист на клупата за резерви.

Кариерата на Сонг сериозно назадуваше по трансферот на „Камп Ноу“ и никогаш не ја поврати формата од Северен Лондон, а сега на 36-годишна возраст мирно и тивко се одјави и објави пензија.

Сонг преку соопштение на социјалните мрежи ги наброја сите придобивки кои ги имал од фудбалот во изминатите две децении, но фудбалските фанови најмногу ќе го паметат по изјавата која ја даде за трансферот во Барселона.

– Знам во што се впуштив кога заминав во Барселона. Спортскиот директор Зубизарета ми најави дека нема да играм, но мене не ми беше гајле за тоа. Важно беше само тоа дека станав милионер од парите кои ги добив од Барселона, – изјави искрено Сонг пред неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни