Поврзете се со нас

Свет

Поранешна премиерлигашка ѕвезда во центарот на голем скандал во Бразил: Ме тераше да ја пијам урината, го лижев подот…

Објавено

на

foto: Matheus Lima/x.com/VascodaGama

Во изминативе години имаме примери на играчи кои од Европа се решаваат да направат интересен чекор и во завршниците на кариерите се селат во Бразил.

Познато е дека Бразилците сакаат да се вратат дома и таму да ги завршат актиевните фудбалски епизоди, но сега има и сосема други примери како на пример Мемфис Депај кој настапува во Коринтијанс, додека претходно таков чекор направи Дмитри Паје кој се одлучи да се пресели во Васко Де Гама.

Токму Французинот сега е во центарот на голем, жесток скандал во Бразил, односно е под истрага од страна на полицијата откако е обвинет за физичко и психичко насилство врз неговата љубовница.

Паје иако е оженет и има четири деца влегол во романса со 28-годишната Лариса Ферари, афера која траела неколку месеци. Лариса која е адвокатка обвинува дека фудбалерот не се однесувал соодветно со неа и ја малтретирал и ја терал да прави неверојатни работи.

-Сакам правда затоа што ја злоупотреби мојата психолошка ранливост за да добие сексуална предност. Тој бараше доказ за љубов од мене, кој се состоеше од понижување. Снимав видеа во кои ја пиев урината, пиев вода од тоалетот и го лижев подот. Јас сум правник, никогаш не би поднела лесно такви сериозни обвинувања, -вели Лариса.

Според полицискиот извештај, Лариса истакнала дека била и нападната од Паје, кој оставил траги на нејзиното тело и претрпела физичко, морално, психичко и сексуално насилство.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни