Поврзете се со нас

Англија

Поранешна премиерлигашка ѕвезда со интересен став: Би го избрал Хаверц пред Рашфорд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Каи Хаверц врза два натпревара со постигнат погодок во дресот на Арсенал, па полека ја врати надежта и кај фановите на „топчиите“ дека допрва ќе го видат бенефитот од скапиот трансфер на Германецот.

Во последната анализа за медиумите, поранешниот напаѓач Дарен Бент излегол со интересен став, велејќи дека ако треба да избере тим, би му дал предност на Хаверц во однос на Маркус Рашфорд.

– Според актуелниот момент, би го избрал Хаверц.

– Не ми е потребен Рашфорд, затоа што не ми е јасно што добивам од Рашфорд.

– Не можете да ја критикувате ефикасноста на Хаверц, кога Рашфорд постигна само два гола, последен пат играше фантастично по мундијалот. Оттогаш не сум го „видел“, – изјавил Бент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни