Поврзете се со нас

Американски спортови

Поранешна НФЛ ѕвезда убиена за време на грабеж во Флорида

Објавено

на

Американските медиуми денеска информираат за трагичен настан кој се случил во Тампа, Флорида, а каде жртва е Реше Колдвел.

Се работи за голема поранешна НФЛ ѕвезда, играч кој настапуваше за неколку екипи и му беше соиграч на Том Брејди во редовите на Њу Ингланс, a бил убиен на 41-годишна возраст.

Колдвел налетал на група која се обидела да го ограби, а потоа го застрелала во нозете и градите, па лекарите не успеале да го спасат животот на познатиот спортист.

Самиот Колдвел имаше проблеми со законот откако ја заврши кариерата, па доби дури и долга условна казна поради продавање наркотици, а оваа година требаше да ја слушне пресудата и за случајот за финансиска измама.

Во седумгодишната НФЛ кариера тој настапуваше за Њу Ингланд, Сан Диего, Вашингтон и Ст. Луис, а неговиот брат, исто така со НФЛ кариера, одамна потенцираше дека животот на Реше тргнал во погрешна насока по двете испуштени топки на дуелот меѓу Петриотс и Колтс, а поради која неговиот тим загуби со 38:34.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни