Поврзете се со нас

НБА

Поранешна НБА ѕвезда: Јокиќ не е атрактивен, на никој нема да му биде гајле ако ја освои НБА лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер му приреди „метла“ на Лос Анџелес Лејкерс и го декласираше во финалето на Западот, па сега Нагетси го чекаат расплетот од источнот финале каде силите се уште ги одмеруваат Мајами и Бостон.

„Жешките“ се поблиску до големото финале бидејќи имаат предност од 3:1 и сите прогнози наведуваат на тоа дека тие ќе ја предизвикваат дружината на Никола Јокиќ, која оствари историскиот успеј со самиот пласман на завршниот чин во НБА лигата.

Јокиќ го предводи својот тим на неверојатен начин и сосема заслужено беше избран за МВП во финалето на Западот, но иако изминативе денови доби безброј пофалби од Америка, сепак има и такви кои сметаат дека Србинот не прави ништо ново за кошарката.

Гилберт Аренас беше голема НБА ѕвезда во првата деценија од новиот милениум и ги бранеше боите на Голден Стејт, Вашингтон, Орландо и Мемфис, но сега се најде во центарот на вниманието со својот потценувачки коментар за Јокиќ.

– Јокиќ може да ја освои НБА лигата, но на никој нема да му биде гајле за тоа. Жал ми е, но нема да се помрдне од местото на кое е сега, односно тој нема да стане суперѕвезда. Тој не прави ништо од она што сакаат да го видат децата. Јокиќ е фантастичен, но не е атрактивен, – вели Аренас, кој го споредува Србинот со Тим Данкан.

– Тим Данкан имаше освоено четири НБА прстени, а кога го освои петтиот, на никој не му беше гајле за тоа. НБА лигата не сака досадни играчи, НБА лигата постои за нешто друго, НБА лигата е поинаква од обичното, – завршува Аренас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни