Поврзете се со нас

Италија

Поранешна ѕвезда на Милан со совет до Пиоли: Откажете се од Европа

Објавено

на

Милан со победата над Атлетико Мадрид ги задржа шансите за место во нокаут фазата на Лигата на шампионите, но еден поранешен фудбалер на „росонерите“ смета дека Стефано Пиоли и неговите играчи треба да се концентрираат на домашното првенство.

Се работи за легендарниот италијански голман Енрико Албертози, кој го носеше дресот на Милан меѓу 1974 и 1980 година.

– Милан заслужи да победи и на првата средба со Атлетико, но за овој триумф на гостински терен екипата заслужува аплаузи.

– Ако треба да бидам искрен, не сум убеден дека шансите за следната фаза се големи, но според мене тоа е далеку од разочарувачки пласман.

– Според мене, Милан треба да се откаже од Европа и да се концентрира на домашното првенство, оваа сезона конечно може да освојат ново скудето, – изјавл Албертози.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни