Поврзете се со нас

Свет

Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LAGalaxy

Повредите на лигаментите на колената се најнезгодни за фудбалерите, а тешката и долга рехабилитација понекогаш знае да има и сериозно влијание врз нивната иднина и перформансите по враќањето на терените.

Во таква ситуација се најде Чичарито Ернандес, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и уште неколку европски клубови, фудбалер кој ги скинал лигаментите на коленото на дуелот меѓу Л.А Галакси и Реал Лејк Сити во рамките на УС Опен купот.

Мексиканецот го напуштил теренот уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажале дека се работи за најнепосакуваното сценарио и капитенот Чичарито ќе ја пропушти целата сезона во МЛС.

Медиумите пренесуваат дека со оглед на возраста, за 35-годишниот Чичарито ова може да биде и последен настап како професионален фудбалер.

Неговиот договор со Галакси истекува по крајот на сезоната, па се чини дека постојат мали шанси да остане во клубот од Ел-Еј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни