Поврзете се со нас

Италија

Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед пристигна на лекарски прегледи во Италија

Објавено

на

Амбициозната Венеција се обидува да го засили својот тим, за да може да избори опстанок во Серија А, при што следен на список е поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Нани.

Португалецот веќе пристигнал во Италија за да ги мине лекарските прегледи и доколку не биде детектиран проблем, ќе го гледаме во тимот со веројатно најубави дресови во калчото.

Нани досега настапуваше за Орландо во МЛС, но на 35-годишна возраст реши да се врати во Европа и да се одлучи за Џенова, иако имал понуди и од Џенова и Болоња.

Португалскиот фудбалер има кратко искуство во Серија, откако во сезоната 2017/18 настапуваше како позајмен играч во редовите на Лацио, но не успеа да се наметне кај тогашниот тренер Симоне Инѕаги.

Најуспешните денови во кариерата, Нани ги мина во Манчестер Јунајтед, клуб за кој забележа 230 настапи и во чиј дрес постигна 40 гола, освојувајќи ја и Лигата на шампионите.

Нани има настапувано и за Спортинг, Фенербахче и Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни